Македонија во вториот шешир пред ждрепката за квалификациите за ЕП 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) веќе е подготвена за квалификациите за Европското првенство во Скандинавија во 2026 година. Следниот континентален собир заеднички ќе го организираат Данска, Норвешка и Шведска од 15 јануари до 1 февруари 2026 година. 

Квалификациите за место на овој собир ќе започнат на 4 ноември оваа година, а ќе траат до 11 мај 2025 година. Пред ждрепката, која е закажана за 21 март во Копенхаген, извесно е дека Македонија е дел од вториот квалитативен шешир.

  • Ждрепка за Европското првенство 2026 година:

Шешир 1: 
Хрватска, Исланд, Словенија, Шпанија, Германија, Унгарија, Португалија, Холандија
Шешир 2: 
Македонија, Грција, Фарски Острови, Полска, Чешка, Србија, Црна Гора, Австрија
Шешир 3: 
Украина, Белгија, Италија, Словачка, Романија, Литванија, Швајцарија, Босна и Херцеговина
Шешир 4: 
Косово, Луксембург, Естонија, Финска, Турција, Израел, Грузија, Летонија

Претходно нашата селекција ќе се сретне со Фарски Острови во двомечот од баражот за Светското првенство во 2025 година.