Македонија У19 со првата победа го избегна последното место на ЕП

Репрезентацијата на Македонија до 19 години конечно победи на Европското првенство во Романија. Избраничките ја Јулијана Дамчевска се радуваа во мечот за избегнување на последното место против Хрватска со 31-26 (18-8). 

Иако први примија гол, нашите ракометарки отворија одлично и врзаа пет во низа за 5-1. До полувремето доминацијата беше за Македонија, задржувајќи ги ривалките на едноцифрен број погодоци. На одморот се замина со двоцифрена предност од 18-8. Во продолжението Хрватките тргнаа споро, ама имаа налет како што одминуваше времето. Најблиску стигнаа до четири гола негатива (24-20), меѓутоа немаа сили за кам-бек и изненадување. 

Најдобра во тимот на Македонија беше Емилијана Ризоска со девет гола, пет даде Дукоска, додека по четири имаа Стефаноска и Јанкуловска. 

Македонија го избегна „фенерот“ на Европското првенство. Завршницата е предвидена за вечерва и утре.