Македонија тргнува кон ЕП 2028 од Скопје, против Грција во Халкида 

Пред учеството на новиот Мундијал македонските ракометари ќе одиграат два натпревари од квалификациите за следното Европско првенство, кое што на програмата е во јануари 2028 година.

Македонија доби поволна група, во која ќе игра со еден гигант и два аутсајдери. Шведска е голем фаворит во групата, а преку Грција и Луксембург треба да се избориме за пласман на шампионатот во Шпанија, Португалија и Швајцарија.

Квалификациите ќе ги отвориме на домашен терен против Луксембург. Терминот за овој натпревар веќе е познат и ќе се одигра на четврти ноември во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Потоа ни следува гостување во Грција, на осми ноември во Халкида (16:00 часот).

Со овие два натпревари ќе биде затворена првата квалификациска фаза, потоа следува Светското првенство, па во март ни доаѓаат два дуели со Шведска. На крајот од оваа сезона, во мај, ќе гостуваме кај Луксембург, додека во последното коло ќе ја пречекаме Грција.