• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија со пораз од Словенија (18-27) го заврши квалификацискиот циклус, но ќе игра на Европското првенство (ЕП) за дами заради тоа што заврши меѓу четирите најдобри третопласирани селекции.
Избраничките на Кристијан Грчевски не можеа да ѝ парираат на Словенија која беше доминантна дури и со комбиниран состав. Подмладената Македонија беше од минус уште од самиот почеток, а рамноправно беа само првите петнаесетина минути од второто полувреме кога селекторот Аџиќ им даде шанса на Словенките со помала минутажа.
Главен играч на Македонија на овој натпревар беше голманката Андреа Илиќ, која блескаше меѓу стативите со 13 интервенции и ни донесе пораз со разлика која беше доволна да се скокнат конкурентите на мини-табелата кај третопласираните на која се важат резултатите само со првите две селекции во групите.
Головите за Македонија на овој натпревар ги постигнаа Ангела Јанкуловска која погоди четири пати, Ивана Гакидова и Марија Јанкуловска имаа по три, Ива Младеновска, Јована Кипријановска дадоа по два гола, а по еднаш реализираа Анамарија Коларовска, Ивана Џатевска, Леона Миленкоска и Емилијана Ризоска.
Македонија ќе игра на третото Европско првенство во низа, по настапите на ЕП 2022 и ЕП 2024. Шампионатот ќе се игра во шест земји, тоа се Чешка, Полска, Романија, Словачка и Турција. Настанот е од 3 до 20 декември оваа година.


