• Саше Љолес
Македонската кадетска репрезентација ја оствари потребната победа над Италија (23-19) во разигрувањето за пласман на Европското првенство, со што го задржа елитниот статус и во иднина ќе се натпреварува со најдобрите селекции на стариот континент.
Нашите надежи во првото полувреме двапати имаа солидна предност од три гола, но Италијанците успеаја да возвратат и на паузата резултатот беше нерешен, 11-11. Второто полувреме донесе многу подобра игра на Македонија, влеговме во посакуваниот ритам и полека почнавме да го „кршиме“ противникот.
Првата поубедлива предност ја создадовме во периодот околу 50. минута, поведовме со 17-13, но потоа Италија успеа да се врати на само гол негатива. Ривалот го искористи малиот пад во нашата игра, но не дозволивме целосен „кам-бек“ и со завршен „блицкриг“ успеавме да ја заокружиме победата со конечни .
Најефикасен во македонската репрезентација беше Дамјан Митев со шест гола, Марин Крстевски додаде уште четири, а три гола запиша и Даријан Ѓокески.