Македонија со четири тима во ЕХФ Купот: Охрид и Алкалоид се носители!

Македонскиот ракомет оваа сезона ќе има четири претставници во Европскиот куп на ЕХФ. На европската сцена ќе настапат актуелниот освојувач на трофејот ГРК Охрид, минатогодишниот победник Алкалоид, ГРК Тиквеш и Бутел Скопје. Три македонски клуба ќе ги започнат своите настапи од второто коло. ГРК Охрид и Алкалоид ќе ја имаат предноста да бидат носители при ждрепката, додека Бутел Скопје ќе биде меѓу неносителите. ГРК Тиквеш ќе игра во првото коло и ќе биде меѓу неносителите.

Пред стартот на втората рунда, Европската ракометна федерација ќе ја организира ждрепката за првото квалификациско коло, во кое ќе настапат 38 екипи. Победниците од тие двомечи ќе им се приклучат на клубовите кои директно се пласирани во следната фаза.

Натпреварите од првото коло ќе се играат во двомеч, а пласман ќе обезбедат екипите со подобар вкупен резултат. Првите натпревари се закажани за 12 и 13 септември, додека реваншите ќе се одиграат на 19 и 20 септември.

Ждрепката за првата квалификациска рунда ќе се одржи на 14 јули со почеток од 11:00 часот по средноевропско време, по што ќе биде комплетирана сликата и за потенцијалните противници на македонските претставници во второто коло.

ГРК Охрид ќе ја брани титулата освоена минатата сезона, Алкалоид ќе се обиде повторно да стигне до самиот врв на натпреварувањето, додека Бутел Скопје и ГРК Охрид ќе бараат успешен европски настап и пласман во следната фаза.