• Мартин Танасковски
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кристијан Грчевски, го објави списокот на ракометарки на кои смета во ЕХФ-неделата во која женскиот национален тим ќе одигра две контролни средби.
Ракометарките ќе одиграат две контролни средби против селекцијата на Австрија на гостински терен. На списокот се наоѓаат 21 имиња, повеќето интернационалки.
- ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРКИ:
1. Јована Мицевска CSM SLATINA (ROU)
2. Матеа Чурлиновска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
3. Драгана Петковска PDO Salerno ASD (ITA)
4. Јована Саздовска CSM SLATINA (ROU)
5. Сара Ристовска CS RAPID BUCURESTI (ROU)
6. Ивана Гакидова CSM SLATINA (ROU)
7. Ивана Џатевска Várda Kézilabda KFT (HUN)
8. Ивана Арсениевска CSM UNIREA SLOBOZIA (ROU)
9. Aлександра Коловска ЖРК Металург Автокоманда
10. Симона Маџовска BSV SACHSEN ZWICKAU (GER)
11. Леонида Гичевска Limited Liability Company Handball (RUS)
12. Ангела Јанкуловска DHC Slavia Praha (CZE)
13. Ива Младеновска BREST BRETAGNE HANDBALL (FRA)
14. Ана Марија Коларовска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
15. Јована Кипријановска SAMBRE AVESNOIS HB (FRA)
16. Андреа Седлоска RK LOKOMOTIVA ZAGREB (CRO)
17. Емилијана Ризоска ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ЖРК
18. Борјана Коцева ЖРК Металург Автокоманда
19. Марија Тасевска CSM UNIREA SLOBOZIA (ROU)
20. Сара Стефановска RK ZORK JAGODINA (SRB)
21. Теодора Дуковска ЖРК ЧАИР
Пријателските натпревари меѓу Австрија и Македонија ќе се играат на 28 и 29 септември во Брегенц. Првиот дуел е од 17:00 часот, вториот е од 14:45 часот. Собирот на ракометарките е закажан на 23 септември во спортската сала во Автокоманда.
