• Мартин Танасковски
Селекторот на женската младинска репрезентација, Дарко Јанев, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во периодот од 19 до 30 јуни во Скопје.
Меѓу повиканите се 20 ракометарки, а две од нив се интернационалки, тоа се Сара Стефаноска од српска Јагодина и Ива Младеновска од француски Брест. Останатите доаѓаат од домашното првенство.
Македонија на списокот ќе има и седум резерви во случај да биде потребно да се повика нов играч. Тоа се Ема Кирова, Адела Елени, Александра Коловска, Ива Велкова, Ева Ѓорѓиевска, Дона Тодоровска и Исидора Котевска.
Подготовките ќе започнат во Маврово, а заминувањето е закажано на 29 мај. Нашиот национален тим на младинското СП 2024 ќе биде во група со САД, Ангола и Исланд.