Македонија сигурно ќе има еден играч на Ф4 во ЛШ!

Вардар ги заврши настапите во Лигата на шампионите и Македонија остана без клупски претставник, а двајца репрезентативци ќе се борат за титулата во елитното натпреварување.

Кирил Лазаров со Нант и Дејан Манасков со Веспрем останаа во игра во ракометната елита. Нант го елиминира Киелце, додека Веспрем беше подобар од Вардар. Токму овие два клуба ќе се судрат во четвртфиналето, што значи дека Македонија ќе има сигурно еден играч на Ф4.

Лазаров е „икона“ на Лигата на шампионите, важи за играч со најмногу настапи и голови во ракометната елита, а зад своето име има една титула со Барселона. Манасков, пак, со Веспрем има едно сребро на Ф4, која ја освои со пораз во финалето од Вардар.

Во четвртфиналето мега-дерби ќе играат Кил и ПСЖ, а останатите два меча се меѓу Мешков Брест и Барселона, односно Алборг и Флензбург. Првите четвртфиналиња на програмата се на 12/13 мај, додека реваншите се играат на 19/20 мај.