Македонија се избори за ново СП, безболен пораз во Клуж кај Романија!

Македонската ракометна репрезентација доживеа пораз на гостувањето кај Романија во Клуж (26-25), но и покрај тоа, ќе игра на ракометниот Мундијал в година затоа што Романците не успеаја да ја анулираат негативата од осум гола во Скопје.

Најдобрата селекција имаше проблеми во играта, посебно во второто полувреме, кога ѝ дозволи на Романија да се одлепи и да диктира темпо на игра. Ниту еднаш противникот не беше близу до победа од осум гола, затоа што во финишот кога дојдоа „кризните моменти“, одбраната на Македонија реагираше на нивото и ги спречи разиграните шутери. За Македонија, учеството на Мундијалот ќе биде шесто во историјата.

Нашите момци одлично го почнаа мечот, Борко на голот веднаш одбрани зицер, а Лазаров и Манаксов погодија од првите обиди. Во 8. минута нашата предност првпат достигна +2, но делувавме стабилно. Пасквал ги измени бековите и Рамба фати ритам и со три гола во 21. минута донесе прво романско водство, 8-7. 

Раул со минута одмор ја прекина романската серија, но Попеску на голот одбрани неколку зицери и ја одржа домашната селекција во водство до одморот. Капитенот Лазаров со третиот гол го прекина нашиот неколкуминутен пост, па погодија и Манасков и Стоилов за израмнување. Со голот со звукот на сирената на Мочану, Романците на одмор заминаа со предност од 12-11.

„Жолтите“ одлично го почнаа вториот дел, но Фотаче со два гола првпат донесе +3 за романската селекција, погодувајќи за 16-13. Сепак, квалитетот во нашата репрезентација донесе ново доближување, па на половина од второто полувреме, по седмерецот на Лазаров, се доближи до 18-17.

Следеше нов романски бран, голови на Јонеа и Григорас и Раул повика тајм-аут прии 23-20 на неполни девет минути до крајот, но и тоа не помогна, затоа што со голот на Чепреги, Романија дојде до највисоки 24-20. Тоа го запали „алармот“ во македонската одбрана, која почна да игра поагресивно во финишот и правеше чести прекини, а исто така попушти и концентрацијата на Романија која направи неколку брзоплети грешки и практично, заврши со борбата за СП.

Најдобар во победничкиот табор кај Македонија беше Манасков со 7 гола, додека капитенот Кирил Лазаров даде шест гола. На спротивната страна, Григораш постигна девет гола, додека голманот Попеску беше еден од најзаслужните зошто Романија беше во игра на овој меч и заврши со 11 одбрани.