Македонија само еднаш загубила на мундијалско деби, на почеток секогаш сме најсилни

Само еднаш во претходните шест натпревари на отвотањето на Светските првенства, Македонија загубила на стартот од натпреварувањето. Тоа се случи во Вараждин пред дванаесет години, кога во драматичен финиш загубивме од Тунис.

Оваа африканска селекција е наш најчест ривал на првите натпревари од Мундијалите, бидејќи се сретнавме трипати, а двапати издвојувавме победа.

Први натпревари на Македонија на Светските првенства:
1999 Египет: Саудиска Арабија - Македонија 21-28
2009 Хрватска: Македонија - Тунис 24-25
2013 Шпанија: Македонија - Чиле 30-28
2015 Катар: Македонија - Тунис 33-25
2017 Франција: Македонија - Тунис 34-30
2019 Германија и Данска: Македонија - Јапонија 38-29

Со сигурност денешниот противник, Шведска е најсилен прв противник на стартот на Светските првенства кои сме го имале. Натпреварот почнува од 20:30 часот и ќе се игра без присуство на публика на трибините.