Кузмановски со звукот на сирената погоди за реми на Македонија против Австрија!

Ракометната репрезентација на Македонија ремизира со Австрија (30-30) во пријателскиот натпревар кој е единствен оваа година пред бараж дуелот за следното Светско првенство.

Натпреварот во Брегенц за селекторот Кирил Лазаров беше шанса да воигра нови варијанти, да ги тестира новајлиите и да го скрои планот за баражот во мај. На овој натпревар нашата селекција беше ослабена без искусните Жарко Пешевски и Никола Митревски, како и помладите Игор Ѓорѓиев и Мартин Серафимов.

Првото полувреме од средбата беше израмнето, а на пауза се замина со 15-15. Во продолжението се продолжи со исто темпо, ние имавме на моменти и четири предност, а на крајот се спасувавме од пораз. Последниот гол на мечот беше дело на капитенот Филип Кузмановски кој реализира пенал со звукот на сирената. 

Бекот на Македонија го заврши натпреварот со десет погодоци зад своето име и одново беше лидер на тимот на Лазаров.