• Иван Димовски
Репрезентацијата на Македонија на Медитеранските игри во Оран ќе се бори за бронзениот медал против селекцијата на Србија.
„Орлите“ загубија во трилер полуфиналето против Шпанија со 42-38, во атрактивна пресметка со дури 80 погодоци. Првиот дел во Оран беше релативно изедначен, селекциите се менуваа во водството и на пауза се замина со минимални 22-21. „Фуријата“ се покажа како подобра во клучните моменти во второто полувреме, па се одлепи и запиша победа.
За медитеранската бронза така ќе се судрат Македонија и Србија. Пресметката против соседите во Алжир ќе се одигра в среда со почеток од 12:30 часот. Шпанците, пак, против силниот Египет ќе се судрат за златниот медал на овој собир.