Македонија против Швајцарија за пехар: Еве каде може да го гледате мечот!

Ракометната репрезентација на Македонија со две победи на две средби го исчекува последниот натпревар во рамки на „Жолтиот Куп“ кој ќе го даде победникот на овој настан во Швајцарија.

Избраниците на Кирил Лазаров дојдоа до победи над селекциите на Бахреин и Украина. До двата триумфа се дојде со одлично второ полувреме во кое нашиот квалитет доаѓаше до израз. Сега ни следи најсериозниот тест во досегашните подготовки на швајцарско тло против домаќинот.

Македонија и Швајцарија играат за пехарот со почеток од 17:45 часот. Натпреварот меѓу двете селекции можете да го следите во живо на СЛЕДНИОТ ЛИНК.

Двете селекции досега се сретнале седум пати. На сите седум натпревари победи Македонија. Последното соочување беше во 2024 година, кога нашиот национален тим на ЕП беше подобар со 29-27.