Македонија против Данска, Швајцарија и Финска ќе се бори за ЕП 2022!

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2022 година ќе се игра во Унгарија и Словачка.

Нашиот национален тим беше извлечен од вториот шешир и се најде во групата 7, каде ќе игра заедно со селекциите на Данска, Швајцарија и Финска. 

  • КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2022:

ГРУПА 1: Франција, Србија, Белгија, Грција
ГРУПА 2: Германија, Австрија, БиХ, Естонија
ГРУПА 3: Чешка, Русија, Украина, Фарски Острови
ГРУПА 4: Исланд, Португалија, Литванија, Израел
ГРУПА 5: Словенија, Холандија, Полска, Турција
ГРУПА 6: Норвешка, Белорусија, Летонија, Италија
ГРУПА 7: Данска, Македонија, Швајцарија, Финска
ГРУПА 8: Шведска, Црна Гора, Романија, Косово

Пласман на ЕП 2022 ќе обезбедат најдобрите две селекции во секоја група, плус, четирите најдобри третопласирани селекции.

>>> Македонија ќе ги започне и ќе ги заврши квалификациите на домашен терен

>>> Против Данска никогаш не сме победиле, Швајцарците ни се чести „муштерии“

ЕП 2022 ќе се игра во препознатливиот термин во месец јануари, а квалификациите ќе стартуваат во месец ноември. Европскиот ракометен собир ќе се игра во вкупно пет града, тоа се Будимпешта, Дебрецен, Сегед, Братислава и Кошице. Покрај двата домаќини, директно место на ЕП 2022 имаат Шпанија и Хрватска.

>>> Брестовац: Ги сакам сите играчи спремни, ривалите ни се коректни

>>> Георгиевски: Ги добивме најнезгодните ривали, ама желбата е ново ЕП

Македонија низ годините е редовен учесник на големите натпреварувања, а во исчекување е на вести за „вајлд-картата“ за СП 2021 каде нашиот национален тим не обезбеди директно учество, но е фаворит според ранкингот да го добие посакуваното место.