Македонија против Црна Гора со публика во „Борис Трајковски“, влезот е слободен

Женската ракометна репрезентација на Македонија в четврток ќе се сретне со соодветната селекција на Црна Гора во натпревар од ЕХФ Купот. Домаќин ќе биде нашата репрезентација, а од Ракометната федерација на Македонија информираат дека вратите од салата „Борис Трајковски“ ќе бидат отворени, и влезот ќе биде слободен. 

„Ве известуваме дека за ракометниот натпревар во рамките на ЕХФ купот помеѓу Црна Гора и македонската национална женска селекција, кој ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ в четврток со почеток во 20:15 часот, влезот е слободен. Согласно одлуката за превентивни мерки против вирусот ковид-19 дозволен е максимум 30% исполнетост на капацитетот на спортскиот објект .

При присуство на натпревар односно за влез во спортскиот објект потребно е лицата да поседуваат и приложат еден од следниве документи:

– сертификат/потврда за извршена имунизација од вирусот (вакцинација) од корона вирусот, односно примена најмалку една доза на вакцина против заразната болест ковид-19 или :

сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравување“, велат од федерацијата.

Три дена по дуелот во Скопје, двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, а овој пат домаќин ќе биде Црна Гора.