Македонија подобра од Јапонците на првиот тест во Скопје

Машката ракометна репрезентација забележа победа од 29-27 против селекцијата на Јапонија во првиот пријателски натпревар од рамките на ЕХФ неделата.

Средбата се одигра без присуство на публика, во контролирана атмосфера, со цел селекторите Кирил Лазаров и Тони Херона да можат непречено да ги тестираат различните тактички поставености и ротации во составот. Во натпреварот, македонските ракометари покажаа високо ниво на ангажираност и борбеност, особено во второто полувреме кога успеаја да ја задржат предноста и да ја контролираат играта до самиот крај. Селекторот Лазаров им даде можност на повеќе играчи да добијат минутажа, со цел да се процени нивната подготвеност пред претстојните предизвици.

Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен меч, овојпат пред публика, на 1 ноември во Куманово со почеток од 16:00 часот. Овој дуел ќе биде добра можност за домашните навивачи повторно да ја поддржат репрезентацијата и да ја почувствуваат атмосферата пред Европското првенство.

Пријателските натпревари со Јапонија претставуваат важен дел од подготовките на македонската репрезентација за настапот на континенталниот собир кој ќе се одржи во јануари следната година во Данска, Шведска и Норвешка.