• Иван Димовски
Македонската репрезентативка Леонида Гичевска ќе ја продолжи кариерата во Русија.
26-годишната ракометарка потпиша договор со рускиот клуб Лада Тољати, за кој ќе настапува следната сезона. Гичевска која претходната сезона играше за екипата на Стинта Букурешт во романската прва лига, сега е подготвена за новиот предизвик во редовите на рускиот прволигаш.
Претходно во кариерата Гиевска беше дел од Безансон и Самбре од Франција, хрватска Локомотива Загреб, а во Македонија играше за Вардар, Вардар Јуниор, Металург и Куманово.
Неодамна од руското првенство замина Сара Ристовска по пет сезони во ЦСКА Москва, а сега во редовите на Лада Тољати доаѓа Леонида Гичевска.