Македонија од вториот шешир ќе чека ривали во квалификациите за ЕП 2024

Македонската репрезентација се најде во вториот шешир во пресрет на ждрепката која ќе ги одреди групите во квалификациите за Европското првенство 2024.

Дваесет репрезентации влегуваат во овој квалификациски циклус поради својот настап на ЕП 2022. Останатите осум селекции - Естонија, Фарски Острови, Грција, Израел, Италија, Косово, Романија и Швајцарија добиваат шанса поради елиминацијата во финалната фаза од квалификациите за континенталниот собир кој се одржа на почетокот од оваа година. Белгија, Финска, Летонија и Турција добија шанса од колото за испаѓање во квалификациите за ЕП 2024 година.

Шеширите за ждрепката се одредени според ЕХФ-рангирањето на репрезентациите:

 

Сите ученсици во квалификациите ќе бидат извлечени во осум групи од по четири репрезентации, од кои двете првопласирани селекции во секоја група ќе се квалификуваат за завршниот турнир, заедно со четирите најдобри третопласирани екипи. Најдобрите третопласирани екипи ќе бидат одредени по одигрувањето на сите натпревари во квалификациите, земајќи ги предвид само натпреварите против двете првопласирани селекции. 

Квалификациите ќе се играат во три периоди од по два меча во вкупно шест кола, во кои репрезентациите од секоја група се соочуваат меѓусебно во домашни и гостински натпревари. Термините за шесте кола се следните: 

  • 1. коло: 12/13 октомври 2022 
  • 2. коло: 15/16 октомври 2022 
  • 3. коло: 8/9 март 2023 
  • 4. коло: 11/12 март 2023 
  • 5. коло: 26/27 април 2023
  • 6. коло: 30 април 2023 

Европскиот шампионат ќе се одржи од 10-28 јануари 2024 година и ќе има 24 учесници. Четири репрезентации веќе се квалификувани: домаќинот Германија, бранителот на титулата Шведска и освојувачите на медали од ЕП 2022, Шпанија и Данска