Македонија ја чека ждрепката, неколку европски гиганти може да ѝ застанат на патот кон ЕП 2024

Репрезентацијата на Македонија денес ќе ги дознае квалификациските ривали на патот кон Европското првенство кое во 2024 година ќе се одигра во Германија. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја организира ждрепката за квалификациските групи во Берлин, како иден домаќин на собирот. 

Веќе беа познати четирите шешири, а Македонија е сместена во вториот. Тоа значи дека ќе се избегнат ривали како Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Србија, Швајцарија или Украина. Сепак, од првиот барабан може да се налета на Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија... 

  • Шеширите за квалификациската ждрепка:

Прв шешир: 
Норвешка, Франција, Хрватска, Словенија, Унгарија, Португалија, Исланд, Австрија

Втор шешир: 
Чешка, Полска, Холандија, Црна Гора, Македонија, Србија, Швајцарја, Украина

Трет шешир: 
БиХ, Литванија, Летонија, Израел, Словачка, Турција, Романија, Грција

Четврти шешир: 
Косово, Белгија, Естонија, Фарски Острови, Италија, Грузија, Луксембург

Селекциите сместени во третиот и четвртиот шешир не смеат да бидат закана за репрезентацијата на Македонија која цели кон ново учество на Европското првенство. Квалификациите ќе стартуваат за време на ЕХФ неделата на 12 или 13 октомври, а ќе се играат до април 2023 година. 

Од вкупно 32 учесници во квалификацискиот сегмент, дваесет ќе си осигураат место на континенталниот собир во Германија.