Македонија од вториот барабан ја чека ждрепката за евро-квалификациите

Без разлика што не успеа да ја помине групната фаза на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка, македонската ракометна репрезентација го задржа местото во вториот барабан пред ждрепката за квалификациите за Европското првенство во Словачка и Унгарија во 2022 година. 

Според актуелниот рејтинг на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Македонија во квалификациите ќе ги избегне селекциите на Австрија, Белорусија, Португалија, Србија, Русија, Црна Гора и на Холандија и ќе добие два ривали кои се послабо рангирани од себе. 

Прв барабан: 
Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд
Втор барабан: 
Австрија, Белорусија, Португалија, Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија
Трет барабан:
Швајцарија, Литванија, Романија, БиХ, Украина, Летонија, Полска, Белгија
Четврти барабан: 
Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови

Ждрепката е на 23 мај, квалификациите почнуваат во ноември. Најдобрите две селекции од секоја група ќе се квалификуваат за континенталниот собир.