• Иван Димовски
Европската ракометна федерација - ЕХФ објави информации за ждрепката за Европското првенство која е закажана за 16 април.
Во полскиот град Катовице ќе се одржи извлекувањето на групите, а ЕХФ ги потврди шеширите. Македонија се најде во четвртиот шешир и сигурно нема да игра против Хрватска, Србија, Исланд, Украина и Грција.
- Шешири за претстојното ЕП:
Прв шешир: Норвешка, Данска, Унгарија, Франција, Шведска, Холандија
Втор шешир: Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Шпанија, Чешка
Трет шешир: Турција, Словачка, Словенија, Швајцарија, Австрија, Фарски Острови
Четврт шешир: Хрватска, Србија, Исланд, Македонија, Украина, Грција
Извлекувањето во Катовице е закажано за во 18:00 часот в четврток.
Македонија со една победа и пет порази успеа да се „протне“ меѓу четири од шесте најдобро рангирани третопласирани екипи. Пред девојките на Кристијан Грчевски е настап на уште еден континентален шампионат.
