Македонија никогаш не загубила од азиска селекција на официјален натпревар

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонија не играла така често со азиски репрезентации на официјални натпревари, Светските првенства и квалификациите за Олимписките игри. Нашите искуства со селекции од овој континент се оскудни, но позитивни.

Во Египет пред 19 години ја совладавме Саудиска Арабија со 28-21, во мечот за 11. место во Хрватска 2009 година ја совладавме Јужна Кореја со 32-31, а во Севиља во 2013 година бевме подобри од Катар со 34-30. На Мундијалот во Доха две години подоцна бевме подоби од Иран и го совладавме со 33-31. Четвртиот предизвик е Јапонија и денешниот дуел со избраниците на Дагур Сигурдсон е можност за продолжување на серијата.

Веројатно овој противник е посилен од претходните четири, но убедени сме дека работите зависат од нас и само од нас. Денес од 15:30 часот ќе го добиеме првиот одговор на непознаницата Јапонија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0