Македонија никогаш не загубила, а капитенот секогаш блескал против Полска

Македонските ракометари на мечот со Полска во 2012 година

Во Вараждин во јануари 2009 година, Македонија за првпат се сретна и ја совлада Полска со 30-29. Капитенот Кире Лазаров постигна 13 гола, а таа победа, без разлика што не ни донесе пласман во полуфиналето, е окарактеризирана како една од нашите најголеми победи на сите времиња. На нашата клупа седеше Темелковски, а покрај Кире Лазаров уште и Мојсоски, Борко Ристовски и Филип Лазаров беа дел од оваа приредба. 

Полските ракометари, водени од Богдан Вента, уште поголема лекција добија во белградска Арена три години подоцна, во втората групна фаза на европското првенство. Македонија на Шундовски го победи големиот ривал со 27-25, а со играта беше дури и поубедлива. Капитенот Лазаров пак со девет гола беше нерешлива енигма за противникот. На овој меч одлично играа и Стоилов, Миркуловски и Манасков кои се промовираа на тоа првенство.

Нека биде така и вечерва во „Краков арената“ во третиот меѓусебен меч на двете селекции.