Македонија неносител во ждрепката, постои закана за силен ривал во баражот

Уште пред неколку дена женската ракометна репрезентација на Македонија го заврши настапот на Европското првенство, освојувајќи го третото место во групата, и со севкупен пласман на осумнаесетто место од вкупно 24 национални селекции.

За македонските ракометарки ова  беше седмо учество на завршен турнир на еден континентален собир, а претходно учествуваа на Европските Првенства 1998, 2000, 2006, 2008, 2012 и 2022 година.

Следуваат бараж натпреварите за пласман на Светското првенство, кое ќе се одржи во Германија и Холандија, а извлекувањето е предвидено в недела во 13:30 часот во рамки на завршниот викенд на Европското првенство во Виена.

Македонија не е во групата на носители и може за противник да добие и многу силна селекција.

Носители: 
Шведска, Црна Гора, Шпанија, Австрија, Чешка, Исланд, Полска, Романија, Словенија, Швајцарија, Фарски Острови

Неносители: 
Македонија, Израел, Италија, Косово, Хрватска, Турција, Србија, Португалија, Украина, Словачка, Литванија

Бараж натпреварите за пласман на Светско Првенство ќе бидат одиграни за време на ЕХФ неделата, во месец април 2025 година.