Македонија нема тим во женската ЛШ, еден ќе извиси за учество

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави списокот на клубови кои се пријавија за настап во женската Лига на шампионите за сезоната 2026/27. Вкупно 17 екипи поднесоа пријави за учество во најквалитетното европско клупско натпреварување, додека во групната фаза има место за 16 тима. Десет клуба веќе имаат загарантирано место преку националните квоти, а останатите седум ќе се надеваат на дополнителна покана од ЕХФ.

Франција е единствената земја која има две директни места во елитното натпреварување. Францускиот шампион Брест Бретањ и актуелниот европски првак Мец обезбедија директен пласман, а дополнителното место за Франција е резултат на високото рангирање на земјата и триумфот на Дижон во Европската лига. Македонија и оваа сезона како и претходните нема да има тим во женската ЛШ, последното учество беше во сезоната 2017/18 со ЖРК Вардар.

  • Клубови со обезбедено место во Лигата на шампионите:

Подравка (Хрватска)
Есбјерг (Данска)
Брест Бретањ (Франција)
Мец (Франција)
Бломберг-Липе (Германија)
Ѓер (Унгарија)
Будуќност (Црна Гора)
Сторхамар (Норвешка)
Глорија Бистрица (Романија)
Крим Меркатор (Словенија)

  • Клубови кои побарале дополнително место:

Оденсе (Данска)
Никибинг Фалстер (Данска)
Борусија Дортмунд (Германија)
ФТЦ Будимпешта (Унгарија)
Сола (Норвешка)
Молде (Норвешка)
ЦСМ Букурешт (Романија)

ЕХФ соопшти дека сите барања за дополнителни места ќе бидат разгледани од специјална комисија во деновите по завршувањето на завршниот турнир на Лигата на шампионите, по што конечната одлука ќе биде потврдена од Извршниот комитет на федерацијата. Конечниот список на учесници ќе биде објавен пред ждрепката за групната фаза, која е закажана за 26 јуни во Виена. Во новата сезона форматот на натпреварувањето останува непроменет. Групната фаза ќе се состои од две групи со по осум екипи.