• Горан Упале
Женската македонска репрезентација до 19 години го запиша првиот бод во групата во рамките од Европското младинско првенство кое што се одржува во Црна Гора.
Во вториот натпревар од групната фаза нашите ракометарки ремизираа против соодветната селекција на Литванија. Конечниот резултат гласеше 29-29, а со оглед на настаните на натпреварот, можеме да жалиме што не го освоивме целиот плен. Во последните секунди од средбата имавме напад за победа, но Котевска не го реализира, откако топката од двете стативи се врати во поле.
Токму Котевска со девет гола беше најпрецизна во нашиот табор, а одлична партија пружи и Миленкоска со седум погодоци. Во противничкиот табор незапирлива беше Пиликускаите со единаесет гола.
Во последното коло Македонија ќе се сретне со Исланд, селекција која по две кола има еден победа и еден пораз.
