Македонија на Раул со највисока стартна победа во историјата на Мундијалите 

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Ракометна Македонија не остави ништо на случајност и со убедлива победа го стартуваше петтиот Мундијал во низа, кој овој јануари се игра во Германија и Данска.

Репрезентативците на чело со Раул Гонзалез со брилијантна игра ја прегазија Јапонија со девет гола разлика 29-38, со што испишаа нова страница во нашата историја, остварувајќи највисока стартна победа на Мундијалите. 

Претходно, се радувавме на победи од седум разлика (1999 година против Саудиска Арабија 21-28 и 2015 во Катар против Тунис 33-25). Продолжена е традицијата и по петти пат славиме победа на стартот на Светските првенства. Нашите дуели со азиските противници на големите приредби се непогрешливи и имаме скор 4-0.

Следен противник на нашите момци е селекцијата на Бахреин, против која ќе се сретнеме за два дена од 14:00 часот. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0