Македонија на Мундијалите: Најдобри во Катар, најлоши во Полска

Македонската репрезентација пред почеток е на своето деветто Светско првенство во историјата, второ кое ќе брои 32 репрезентации. Низ историјата Македонија била дел од осум Мундијали. Првото учество го имавме во далечната 1999 година во Египет, кога го остваривме и третиот најлош пласман, заземајќи го осумнаесеттото место. Пред две години на шампионатот во Полска и Шведска, Македонија одигра првенство за заборав и го освои 27 место со три победи и четири порази. 

По нашето деби следуваше пауза од четири првенства и повторно појавување на светската ракометна сцена десет години подоцна. Во Хрватска остваривме и најголем број победи (5), но тие беа доволни за пласман на единаесеттата позиција. По отсуството во Шведска 2011 година, македонските репрезентативци врзаа пет учества во низа, вклучувајќи го и овогодишното.

Најдобар пласман беше оној од Катар 2015 година (деветто место), каде во групната фаза бевме одлични со четири победи и само еден пораз. Сепак, Словенија ни застана на патот во првата нокаут фаза и не исфрли од турнирот.

Македонските ракомегари ги очекува Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, а нашата судбина како и пред шеснаесет години е Вараждин. Ривали во групната фаза ни се Унгарија, Холандија и Гвинеја. Најдобрите три селекции од групата продолжуваат во главната групна фаза.