Македонија летна со чартер кон Каиро, младиот тим на Данило оди без притисок на СП

Ракометната селекција на Македонија, предводена од Данило Брестовац летна кон Каиро, Египет каде ќе настапи на Светското првенство. По откажувањето на Чешка, нашата селекција се најде во групата Г со домаќинот, Шведска и Чиле, па без преголем притисок и со подмладен тим заминаа кон Египет. 

Сите играчи и членови на стручниот штаб беа тестирани и се нагитивни на ковид-19. Потоа со чартер лет во 16:30 часот Македонија се упати кон најголемиот град во Африка и пристигнувањето се очекува за околу пет часа. 

По пристигнувањето во Каиро ќе бидат подлегнати на нов тест и вечерва ќе одмораат во хотелските соби. 

Данило Брестовац ќе одржи само еден тренинг, утре наутро, пред натпреварот против Шведска кој е закажан во вечерниот термин од 20:30 часот. Македонија по скандинавскиот ривал ќе има ден одмор и веќе в сабота ќе игра против домаќинот Египет, а на 18-ти јауари, в понеделник ќе се соочи со Чиле.