Македонија ќе има репрезент во нокаут-рундата во Лигата на шампионите

Познати се сите учесници во нокаут-рундата во женската ракометна Лига на шампиони, а Македонија ќе има репрезент и во оваа фаза затоа што Сара Ристовска и нејзиниот Рапид Букурешт ја минаа групата.

И тоа не на било каков начин, туку по вистинска драма. Рапид одигра нерешено на гости кај Будуќност со еден доцен гол (21-21) и така со еден бод во директната пресметка обезбеди осминафинале во женската ракометна Лига на шампиони. Ристовска на овој меч немаше учинок.

  • Осминафинале на ЛШ:

Рапид Букурешт - ЦСМ Букурешт
Сторхамар - Одензе
Лудвигсбург - Крим
Подравка - Брест Бретањ

Четвртфиналисти во Лигата на шампионите се француски Мец (ќе игра со Подравка или Брест), унгарски ФТЦ (ќе игра со Сторхамар или Одензе), Ѓер (ќе игра со Лудвигсбург или Крим) и Есбјерг (ќе игра со Рапид или ЦСМ).

Осминафиналињата во ЛШ се играат на 22/23 и 29/30 март.