Македонија ќе игра два баража за пласман на СП во Египет

Македонската ракометна репрезентација силно ги компромитира свои шанси за учество на големи приредби. Олимписките игри во Токио ќе останат само сон, бидејќи веќе немаме ниту теоретски шанси за пласман во квалификациите, а сега и учеството на Мундијалот во Египет е неизвесно.

Имено, по новиот начин на квалификации, Македонија веројатно ќе игра два баражи за да се квалификува меѓу 24-те земји учеснички.

Уште неизвесно е во кое својство нашата селекција ќе ја дочека ждрепката, но голема е веројатноста во хипотетички вториот бараж да не бидеме носители.

Македонија е постојан учесник на големите приредби од 2012 година, кога во Србија го освои петтото место.