Македонија ќе биде во вториот шешир ако се пласира на СП 2027!

Светската ракометна федерација (ИХФ) ги одреди шеширите за Светското првенство (СП) кое во 2027 година ќе се игра во Германија, а Македонија ако обезбеди пласман, ќе има добра позиција.

Нашиот национален тим во баражот ќе игра со Словачка или Украина, а доколку ја мине пречката, ќе биде во вториот шешир. Веќе се познати другите учесници, со исклучок на две селекции кои ќе добијат „вајлд-карта“.

Прв шешир: 
Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина

Втор шешир: 
Франција/Чешка, (Финска/Црна Гора) Словенија, (Турција/Романија) Норвешка, (Литванија/Србија) Унгарија, (Грузија/Израел) Шпанија, Швајцарија/Италија, (БиХ/Косово), Фарски Острови, (Украина/Словачка) Македонија

Трет шешир: 
(Грција/Белгија)/Холандија, (Летонија/Полска) Австрија, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски острови, Чиле, претставник на Северна Америка

Четврти шешир: 
Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Вајлд карта 1, Вајлд Карта 2

Ждрепката за СП 2026 ќе се одржи во месец јуни, во Минхен.