Македонија има три сценарија за среќен крај на групната фаза на ЕП

Македонската ракометна репрезентација e пред првото чистилиште на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка. Попладнево го играме последниот меч од групната фаза, а во игра се три опции кои ја водат селекцијата на Брестовац во следната рунда од Европското првенство.

Трите сценарија изгледаат вака:

  • Ако ја победиме Австрија со два гола, Македонија ќе се квалификува во главната групна фаза и ќе пренесе два бода.
  • Победа од еден гол, но со барем 32 погодоци и повеќе ни носи квалификации и пренесени два бода.
  • Македонија и со реми може да го завери билетот за пласман меѓу најдобрите 12 репрезентации, но под услов Украина да ја совлада Чешка

Македонија само еднаш не успеала да ја мине групата на Европско првенство, на нашето деби, во Италија во 1998 година.