• Зоран Мишевски

Во вторник против Србија нашата селекција ја има последната шанса за пласман во втората групна фаза. Како што и планиравме, со нашиот северен сосед ќе одлучуваме кој ќе продолжи во следната фаза меѓу најдобрите 12, а кој ќе се врати дома.
Математиките се јасни. На Македонија ѝ одговараат две опции. Победа или нерешен резултат ќе ни дадат уште најмалку три натпревари, а пораз нè води дома. Дури и да ја победиме Србија, извесно е дека нема да пренесеме бодови во следната фаза.
Не е неважно и од гледна точка на перспектива, бидејќи ако загубиме од Србија, нема да бидеме носители во ждрепката за СП во Франција следната година. Тоа значи дека на 31. јануари ќе налетаме на некоја од селекциите која ќе игра во втората фаза во Полска. Мечот со Србија се игра во вторник во првиот термин од 18.15 часот.