Македонија и официјално во Топ-16 на Европското кадетско првенство!

Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во Топ-16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9. до 16. место.

Со овој успех, нашите кадети го обезбедија опстанокот во елитната дивизија на европскиот ракомет, а воедно изборија и пласман на младинското Европско првенство 2028.

Нашата репрезентација го освои второто место во својата група од разигрувањето и како најдобропласирана второпласирана селекција обезбеди место меѓу најдобрите 16 репрезентации на шампионатот.

Конечниот пласман нашите репрезентативци го остварија по победата над Турција со конечен резултат 27-29, а во прилог ни одеше и победата на Швајцарија над Чешка (32-28).