Македонија и Јапонија ја отворат минхенската група на СП

Ракометната репрезентација на Македонија на стартот на идната година повторно ќе биде дел од еден планетарен собир, а ќе ја има таа чест да ја отвори групната фаза во Германија и тоа со дуел против аутсајдерот Јапонија

Нашите момци се наоѓаат во групата Б, која ќе се игра Минхен, а покрај Јапонија противници ќе им бидат уште селекциите на Исланд, Бахраин, Хрватска и Шпанија. Денес, ЕХФ ги објави и термините за сите натпревари во групата фаза. Дуелот против Јапонија го играме на 11 јануари од 15:30 часот, а потоа по еднодневен одмор ќе се соочиме со Бахраин од 14:00 часот. 

Против Хрватска ќе играме на 14 јануари од 18:00 часот, два дена подоцна противник ќе ни биде Шпанија (20:30), а групата ќе ја затвориме против Исланд, на 17 јануари од 18:00 часот.

По новата промена на системот, на овој Мундијал од групата понатамошен пласман ќе обезбедат само првите три репрезентации.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0