• Сашо Поповски
Европската ракометна федерација (ЕХФ), одлучи да ги казни репрезентациите на Македонија и Франција заради несоодветна опрема со која настапија на вчерашниот натпревар.
Нашата репрезентација доби казна од 500 евра, заради чорапите на нашите ракометари кои не биле исти со дресовите. Франција е казнета со 1.500 евра, поради тоа што на ракавите не им стоел амблемот од Европското првенство.
Ваквите казни ЕХФ ги најави пред почетокот на првенството, кога капитенот на шведската репрезентација сакаше да носи капитенска лента, различна од останатиот дел од опремата.