Македонија го загуби и вториот тест во Австрија, овој пат со двоцифрена разлика

Женската ракометна селекција на Македонија забележа уште еден пораз од Австрија, во вториот контролен натпревар одигран во Брегенц.

Откако вчера нашите ракометарки останаа без сили во финишот и загубија со шест гола разлика, денеска, сликата беше далеку поразлична и домашната селекција на крај славеше со убедливи 13 гола предност.

На полувреме домашната селекција веќе имаше сигурни шест поени водство, а во вториот дел беше немилосрдна и продолжи да го полни нашиот гол за убедлива победа од 34-21.

Двете пријателски средби се еден вид на почеток на подготовките за она што Македонија ја чека кон крајот на годината – новиот настап на Европско првенство. Нашите девојки во групата се со Унгарија, Турција и Шведска.