Македонија го загуби директното место во ракометната Лига на шампиони

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави ранкингот на земјите за следната сезона во евро-куповите, а она што што нас најмногу нè загрижува е големиот пад на македонскиот ракомет на оваа листа.

Имено, Македонија во следната натпреварувачка сезона нема да има директно место во Лигата на шампионите, па така нашиот шампион влез меѓу најдобрите ќе треба да бара преку вајлд-карта. Според пресметаните коефициенти во последните три сезони, Македонија сега е на тринаесеттото место со 50 бода. Исто така, ЕХФ објави дека ќе бидат доделени само осум директни пласмани во групите, но, сепак, и тие ќе бидат предмет на разгледување на извршниот комитет.

Во последниот рејтинг, Шпанија собра најмногу бодови и е на првото место, потоа следуваат Германија, Полска, Франција, Данска, Унгарија, Португалија и Норвешка.

Најнови вести од
Лига на шампиони