Македонија го освои првиот сет на ЕП во ракомет на плажа

Женската ракометна репрезентација на Македонија освои сет на Европското првенство (ЕП) во ракомет на плажа во Португалија, но повторно загуби во мечот за разигрување за пласман.

Во првиот дуел нашите ракометарки загубија од Италија со 1-2 во сетови (12-28, 15-12, 4-6). Вториот сет беше првиот кој избраничките на Мојсовски успеаја да го освојат на овој еврошампионат, по максималните порази од Холандија, Украина и Португалија.

Најдобра кај Македонија кај стрелците беше Бојана Диневска со девет поени, ја следеше Теодора Гулицовска која имаше шест поени, а Теодора Маркоска и Пена Граматикова реализираа по четири поени. Кај Италија, Ванесиа Диогап имаше десет, пред Мартина Мациери со осум поени.

Македонија следните натпревари на ЕП во ракомет на плажа ќе ги игра со Романија и Унгарија.