Македонија го дозна распоредот, дебитира во Дебрецин против стар познаник

Откако беа извлечени сите групи за претстојното Европско првенство за жени, Македонија го дозна и официјалниот распоред на натпреварите кои ќе се одиграат во унгарскиот град, Дебрецен. 

Нашите девојки ќе го започнат настапот на континенталниот собир со натпреварот против Шведска, кој ќе се одигра на 28 ноември, а два дена подоцна ќе се соочиме со селекцијата на Турција. Последниот меч од групната фаза ќе го одиграме на втори декември и ќе ги одмериме силите со ко-домаќинот Унгарија. 

Распоред на натпреарите на Европското првенство:
28 ноември: Македонија - Шведска
30 ноемвври: Македонија - Турција
2 декември: Македонија - Унгарија

Македонија доби прилично поволна група и шансите за евентуален прогрес во елиминациите се зголемуваат, па затоа ќе мора да се претстави во најдобро можно светло на првите три натпревари. Две од четири селекции во групата се селат во главната групна фаза, каде селекциите од А, Б и Ц групата ќе формираат нова група од шест репрезентации. 

Европското првенство ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија, а ќе трае од 28 ноември до 15 декември годинава.