Македонија ЃП сака Суперлига со Димитриоски, врати и две имиња

Екипата на Македонија Ѓорче Петров се подготвува за настапот во Првата ракометна лига на Македонија, а амбициите се да се обезбеди суперлигашки статус во сезоната која следи.

За тренер на екипата е назначен Оливер Димитриоски, некогашниот стратег на Металург кој го водеше тимот до титула во Купот на Македонија. Се работи и на ростерот, а меѓу „лавовите“ се вратија и две познати имиња.

Повторно во составот на Македонија ЃП се Мартин Димовски и Филип Ролевски. Двајцата се добропознати на сите, затоа што претходно го носеа дресот на ѓорчепетровци и беа едни од главните играчи во составот.

Македонија ЃП нема да застане со ангажман на овие двајца играчи, туку се најавува и други новитети кои ќе го засилат тимот на Димитриоски.