Македонија ги збриша Јапонците и победнички го започна Мундијалот

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Македонската ракометна репрезентација извојува почетна победа на Светското првенство во Германија и Данска, откако попладнево во Минхен ја совлада Јапонија со 29-38 (13-18) во првиот дуел од групата Б. 

По првиот примен гол, се разигра нашата врска Лазаров-Манасков и поведовме со 1-2. Следеа две одбрани на Борко Ристовски и гол на Стоилов од линијата за 1-3. Сепак, првите наши технички грешки, Јапонците ги казнија и Нарита и Агари ја го свртија резултатот за 4-3 во седмата минута. 

Нашиот голман редеше интервенции, па со нова серија од 4-0, нашето водство порасна до 4-7 во 12. минута. Оваа „црна дупка“ го натера Сигурдсон да побара минута одмор и да ја среди одбраната. Раул ги изврши вообичаените ротации и Жарко Пешевски само што влезе во  игра погоди за 5-9. Јапонската игра полека почна да се распаѓа и Георгиевски погоди на празен гол за највисоки +5. 

Борко Ристовски нанижа десетина одбрани за неполно полувреме, но Шида и Тамакава погодија во серија за 9-12 во 23. минута. На овие два неодговорени гола, веднаш реплицираше Филип Талески со два „проектили“, а својот шести гол го постигна и капитенот Лазаров (9-15). Со разновидна игра нашиот национален тим првиот дел го заврши со предност од 13-18, откако Лазаров реализира седмерец, а Ристовски го одбрани последниот напад.   

Во ист ритам и со голови од двете страни започна вториот дел. Техничките грешки кај нас се зголемуваа и Ватанабе и Нијасаки погодија за -3 во 37. минута. Следеа два гола на браќата Лазаров за 21-26 во 44. минута.

Брзата јапонска игра на работ на ризик ни создаде краткотрајни проблеми, но Манасков и Стоилов одговараа со голови по изработени акции и во последните осум минути влеговме со +6. Искусна репрезентација како Македонија не ја испушти предноста и извојува победа против жилавите, но неискусни Јапонци со 29-38. 

Во македонската репрезентација најефикасни беа Кире Лазаров со осум и Дејан Манасков со седум гола, а кај Јапонија се истакнаа Ваканабе и Шида со по четири гола. В недела од 14:00 часот нашиот национален тим се среќава со Бахреин во вториот дуел од групата Б. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0