Македонија ги доби ривалите во битката за место на ЕП 2026!

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги доби ривалите во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое во 2026 година ќе се игра во пет различни земји.

Избраничките на Кристијан Грчевски се најдоа во третиот сад на ждрепката која се одржа во Клуж, Романија. Извлекувањето посака нашите ракометарки да се најдат во групата 3 заедно со селекциите на Германија, Словенија и Белгија.

Група 1:
Франција, Хрватска, Косово, Финска

Група 2:
Холандија, Швајцарија, Италија, БиХ

Група 3:
Германија, Словенија, Македонија, Белгија

Група 4:
Црна Гора, Исланд, Португалија, Фарски Острови

Група 5:
Шведска, Србија, Украина, Литванија

Група 6:
Шпанија, Австрија, Грција, Израел

Најдобрите две репрезентации во секоја група ќе бидат дел од ЕП 2026, исто така и четирите најдобри третопласирани екипи. Квалификациите ќе се играат меѓу октомври 2025 година и април 2026 година.

Европското првенство во 2026 година ќе се игра од 3 до 20 декември во Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Овие пет селекции како домаќини се дел од настанот, заедно со Норвешка (европски шампион 2024), второпласираната Данска и третопласираната Унгарија.

Затоа што тие не играат квалификации, ќе бидат дел од Евро Купот на ЕХФ. Македонија настапи на последните две Европски првенства во 2022 и 2024 година на кои заврши без победа, на 16 и 18 позиција.