Македонија е седма клупска сила, ќе има четири места во Европа

Македонија поради успехот на клубовите изминатата сезона го задржа високото место на листата на ЕХФ и се наоѓа на седмата позиција.

Вардар и Металург играа во Лигата на шампионите, Еурофарм Работник настапи во групната фаза на ЕХФ Купот, па токму затоа нашата држава остана на седмото место на листата и ќе има четири места во Европа в година.

Според рејтингот, Македонија ќе има едно место во ЛШ, како и уште три во ЕХФ Купот. Најдобра ракометна земја е Франција, зад неа е Германија, додека најдобрата тројка ја комплетира Шпанија.

Македонија е рамо до рамо со Данска, Полска и Унгарија, кои ги имаат истиот број на тимови во европските купови.