Македонија е подготвена, може ли Полска да падне во битолскиот „вулкан“?

Ракометната репрезентација на Македонија ќе ја дочека Полска во реванш дуелот од баражот за Светското првенство. Средбата која ќе се одигра во Битола може да понуди голема борба, откако на првиот меч Македонија се врати од работ на бездната и претрпе прифатлив пораз од четири разлика (18-22). 

Гостинските ракометарки повторно ќе бидат апсолутни фаворитки, ама нашите девојки покажаа дека со посветена игра и максимална концентрација можат да пружат борба. Избраничките на Кристијан Грчевски се на потег, ќе треба да ја искористат битолската атмосфера за подвиг и изненадување против Полска. Македонија за овој натпревар нема да може да смета на двата бека кои се повредија, Леонида Гичевска и Ивана Арсениевска. Сепак, останатите девојки треба да одговорат на предизвикот. 

Според официјалната продажба останати се околу 300 билети за натпреварот, па се очекува солидна бројка на публика на трибините. Битолската публика го сака ракометот и ќе знае да направи атмосфера, а тоа е можеби главниот адут на Македонија за изненадување над ривалот. 

Последен пат нашата селекција играше на еден Мундијал во 2007 година, а сега 18 години подоцна треба да се даде максимум и да се верува дека е изненадување е можно. 

Средбата во салата „Боро Чурлевски“ ќе се одигра во 19:00 часот.