• Иван Димовски
Во месецот кога сè е потчинето на фудбалот и Мундијалот во САД, Канада и Мексико, ракометната репрезентација на Македонија дозна важни информации. Познат е распоредот на натпреварите а Светското првенство 2027, бидејќи ИХФ ги објави термините за воведната фаза од турнирот.
Македонските ракометари ќе настапуваат во групата Х, која ќе се игра во Магдебург. За противници нашата селекција ќе ги има селекциите на Исланд, Бахреин и Јапонија. Според официјалниот распоред Македонија ќе игра на 15, 17 и 19 јануари во два термини.
- Распоред на натпреварите:
15 јануари
Македонија - Јапонија (18:00 часот)
17 јануари
Македонија - Бахреин (18:00 часот)
19 јануари
Исланд - Македонија (20:30 часот)
Натпреварите ќе се одиграат во салата „ГЕТЕК Арена“. Најтешкиот тест во групната фаза е оставен за крај, бидејќи Македонија на 19 јануари ќе игра против Исланд
Пласман во главната рунда ќе обезбедат трите најдобропласирани селекции од групата, додека последнопласираниот тим ќе го заврши настапот по првата фаза од натпреварувањето.
