• Иван Димовски
Ракометната репрезентација на Македонија со пласманот на 14. позиција на Европското првенство, по победата и ремито со Романија и Португалија доби придобивки за иднината.
На ждрепката за следното Светско првенство нашата селекција се најде меѓу носителите. Поради резултатот на континенталниот собир Македонија во извлекувањето ги избегна селекциите како Франција, Норвешка, Шпанија, Словенија...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) по завршната прес-конференција во пресрет на финалето на Европското првенство го одржа и извлекувањето за баражите. Македонија како носител ќе игра со победникот од баражот Украина или Словачка.
Натпреварите од баражот се закажани за 13/14 и 16/17 мај.
