Македонија доби група по мерка на СП и ќе игра близу до дома!

Ракометната репрезентација на Македонија и покрај тешката ждрепка преку баражот се избори за место на Светското првенство, продолжувајќи го континуиетот на големите собири. Пресвртот во двомечот со Фарски Острови беше еден од најдобрите во нашата историја. Со тоа се избори место на турнирот на кој домаќини се Норвешка, Данска и Хрватска. Откако не бевме одбрани од Хрватите за една од четирите групи во оваа земја, шансата за настап во балканската земја ги чекавме на ждрепка.

Македонија ривалите за следниот Мундијал ги чекаше од третиот шешир на ждрепката. Светската ракометна федерација (ИХФ) го организира извлекувањето во Загреб на свечен настан. Среќата посака избраниците на Кирил Лазаров да се најдат во групата Д, каде што ќе се судрат со селекциите на Унгарија, Гвинеја и Холандија. 

  • Ждрепката за групната фаза на Светското првенство: 

Група А (Хернинг, Данска): Германија, Чешка, Полска, Швајцарија
Група Б (Хернинг, Данска): Данска, Италија, Алжир, Тунис
Група Ц (Пореч, Хрватска): Франција, Австрија, Катар, Кувајт
Група Д (Вараждин, Хрватска): Унгарија, Холандија, Македонија, Гвинеја
Група Е (Осло, Норвешка): Норвешка, Португалија, Бразил, САД
Група Ф (Осло, Норвешка): Шведска, Шпанија, Јапонија, Чиле
Група Г (Загреб, Хрватска): Словенија, Исланд, Куба, Зеленортски Острови
Група Х (Загреб, Хрватска): Египет, Хрватска, Аргентина, Бахреин

Откако ги дознавме ривалите на Македонија веднаш стана јасно дека ќе се натпреваруваме во хрватскиот град Вараждин. Трите најдобропласирани селекции во секоја група одат во главната фаза на турнирот. 

Светското првенство ќе се игра од 14 јануари до втори февруари во трите земји домаќини. Хрватска доби четири групи во првата фаза, а Норвешка и Данска по две. Главната фаза ќе се игра во четири групи, две во Загреб и Вараждин и по една во Осло и Хернинг. Престолнината на Хрватска ќе добие два четвртфинални и еден полуфинален дуел, додека останатите нокаут натпревари вкучувајќи го и финалето ќе се играат во Осло.